Се откупува по 12,5 денари за килограм

Bez autora
Jul 10 2011

Жито Вардар од вчера почна да ја откупува пченица за 12,5 денари килограм (плус ДДВ). За разлика од лани, откупната цена на лебното жито сега е повисока за 5,5 денари. Земјоделците се задоволни од оваа цена. Велат дека со принос од три и пол тони по хектар и субвенциите, со годинешнава цена, ќе ги покријат не само трошоците, туку можат и да заработат. Од здружението на земјоделците од Велес велат дека се задоволни од оваа цена и дека веќе почнале помасовно да ја продаваат пченицата. Иако на почетокот земјоделците бараа цена 15 денари за килограм, сепак сега и со оваа цена веројатно ќе бидат задоволни. Килограм пченица во соседна Србија се продава за 12 денари. Од Жито Вардар велат дека според сите анализи подготвени се да ја откупат целокупниот род на пченица од Велешко кои се очекува да тежи околу 12 илјади тони.

Се откупува по 12,5 денари за килограмЖито Вардар од вчера почна да ја откупува пченица за 12,5 денари килограм (плус ДДВ).

За разлика од лани, откупната цена на лебното жито сега е повисока за 5,5 денари. Земјоделците се задоволни од оваа цена. Велат дека со принос од три и пол тони по хектар и субвенциите, со годинешнава цена, ќе ги покријат не само трошоците, туку можат и да заработат. Од здружението на земјоделците од Велес велат дека се задоволни од оваа цена и дека веќе почнале помасовно да ја продаваат пченицата.

- Иако на почетокот земјоделците бараа цена 15 денари за килограм, сепак сега и со оваа цена веројатно ќе бидат задоволни. Килограм пченица во соседна Србија се продава за 12 денари - рече Зоран Ивковиќ, претседател на Здружение на земјоделци од Велес.

Од Жито Вардар велат дека според сите анализи подготвени се да ја откупат целокупниот род на пченица од Велешко кои се очекува да тежи околу 12 илјади тони. Минатогодишниот род е целосно исплатен, а годинашниот планираат да го исплатат до крајот на годинава. Жито Вардар почна да го откупува и јачменот по цена од 10 денари за килограм. Компанијата за потребите на фабриката за добиточна храна во Градско планира да откупи околу 7 илјади тони јачмен.

Од Здружението истакнаа дека оние земјоделци кои не се задоволни од откупната цена на пченицата родот можат да го сместат во државните силоси. Министерството за земјоделство како и минатата година и оваа им дава можност на земјоделците родот да не го чуваат во амбари, туку во соодветни услови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik